Анима Мунди: Лајка е последната алка во синџирот, a единствената која испорачува резултати

Од:

Повод случката на напад на куче со сопственик од бездомни кучиња, изолиран но крајно непријатен случај, се јавија претставници од најголемите партии за меѓусебно да се обвинуваат, борејќи се грубо да отфрлат сопствена одговорност и поентираат пред своето гласачко тело, јавноста – попатно и едните и другите обвинувајќи го ЈП Лајка за нефункционалност и недоволни резултати реаргираат од здружението за заштита на животни Анима Мунди.

Во продолжение реакцијата на Анима Мунди:

Политичари, колку важност и значење придавате на еден проблем, толку има изгледи да биде локализиран, контролиран, решен!
Лајка е последната алка во синџирот која и тоа како дејствува и испорачува резултати, маневрира во обид да воспостави контрола со резултати кои се веднаш воочливи, мерливи, но секако недоволни бидејќи не може да го третира коренот на проблемот кој зависи од институциите кои ги раководите вие. Измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните со кои бараме итно регулирање на одговорното сопствеништво, забрани за неконтролирано размножување на животните се само декларативен приоритет – праќаме иницијативи, барања, укажувања, од АХВ немаат волја ни да одговорат, а камо ли да организираат работен состанок. Дека нешто се презема е толку бајата лага во која никој со грам рационално расудување повеќе не верува.

Општините од друга страна имаат повеќе пари за украсни жардињери, отколку за програми со кои би третирале сериозен проблем од етички , безбедносен, здравствен, комунален аспект, како на граѓаните, така на животните. Тоа е важно да се знае, зошто за оваа проблематика само 3 општини од град Скопје издвојуваат средства за работата на ЈП Лајка – другите ги мрзи да конципираат програма, а камо ли да наменат денар од буџетот, ништо. Но секако пари за исполнување нивни каприци и кејфови не недостасуваат. Коректно е да се знае дека општина Аеродром е една од тие кои плаќаат, но ни 10 Лајки нема да нè спасат доколку не се забрани и контролира напуштањето, размножувањето, трговијата со животни; промовира вдомување и стерилизација.

Граѓани на Скопје, ЈП Лајка прв пат има сеопфатна стратегија и пристап кој го охрабруваме, поддржуваме, во соработка со други здруженија и активисти помагаме да продолжи, но минорни ќе бидат сите резултати, сиот труд, сè додека не се почне од основата, од законската регулација на одговорното сопствеништво, регулира продажбата и подарувањето миленици, преку дефинирање забрани за размножување и најстроги казни за напуштање миленици, исфрлање на цели легла кутриња по улиците.

Сè до тогаш имаме борба со ветерници и евтина парада пред јавноста, од која ве уверуваме ни е преку глава на сите!

Би можело да ве интересира

Оставајте садови со вода за бездомните животни и птиците апелира „Лајка“

Законот што треба да го реши проблемот со бездомните кучиња четири години е заглавен, општините речиси и не плаќаат за „Лајка“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тино и Атанас во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче

„Лајка“: Напуштањето миленици е суровост, не постои оправдување

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните