ДУИ: Криминалното здружение ВМРО-ДПМНЕ на шпицниот командант Мицкоски е антиалбанска партија

Од:

Судско потврденото криминално здружение ВМРО – ДПМНЕ на Христијан Мицкоски прерасна во двигател на антиалбански наратив во нашето општество и се натпреварува со Левица на Апасиев во расистички напади. Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер, Биљана Бошковска, Елизабета Чингаровска и многу други со јавно признание пред суд признаа и потврдија дека ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е криминално здружение и тоа го запечати судот со пресуда, велат од ДУИ.

– ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е единствена партија во земјава чиј целосен имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение. Во обид да го сокрие овој голем срам, скандалозно унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошкиот партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти – НАТО и анти – ЕУ елементи во нашето општество, крои антиалбански наратив за да заличи на Левица на Апасиев и да придобие од неговата популарност кај екстремистичките кругови.

Градоначалници на ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски тврдат дека имаат насока од страна на Mицкоски, ака шпицен командант, да не издаваат потврди за легализација на домови на Албанци во нивните општини согласно законот и под никакви услови да не ангажираат компании на Албанци во нивните општини како и да не издаваат дозволи за градби поради расистички демографски политики. ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е синоним на корупција, блокада и заложништво, а тоа го потврди и Судот, признанијата и Данела Арсовска, но и целосната меѓународна изолираност на ова ВМРО – ДПМНЕ. Најголема корупција е да ја држиш својата држава и својот народ во изолација и во постојани меѓуетнички тензии.

Дополнително, и шпицниот командант Мицкоски како и Апасиев во нивните сограѓани Албанци гледаат само како подредени граѓани, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државни позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.
Единствената слика што ја поседува и ја објави шпицниот командант со калашников во раце, иако опкружен со жени и семејства на испраќање на таа фотографија, е порака кон Албанците.

Ова не поминува, не го поддржуваат граѓаните, но ниту и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и не може да го сокријат со секојдневни банални клевети, лаги, измислици, конструкции за да ја дефокусираат јавноста од нивните одлики на антиалбанска, изолациона, осамена и коруптивна партија. Ги повикуваме членовите на ВМРО – ДПМНЕ да се дистанцираат од овие расистички и изолациони анти – НАТО и анти – ЕУ политики на шпицниот командант и да ја одвратат партијата од овие погубни политики – додаваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024