Петровска: Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме

Од:

Во благодариме за вашата пожртвуваност и што покажавте дека секогаш сте подготвени да му служите на нашиот народ, но и на пријателот кога ќе се најде во неволја. Ви благодариме што го спасивте младиот Сулејман и што му дадовте шанса да прерасне во успешен млад човек, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска за време на пречекот на припадниците на Армијата, кои се вратија од хуманитарната операција во Турција.

Министерката информираше дека во координација со претседателот Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот одлучиле дека треба да ги испратат најдобрите, најобучените и најподготвените војници за справување со една ваква комплицирана и тешка задача – извлекување и спасување на она што можеше да се спаси од земјотресите во Турција.

– Кога светот и ние се соочивме со резултатите од тоа што се случи во Турција – двата страшни земјотреси, немавме сомнеж ниту трошка двоумење дека треба да одговориме на повикот за помош и поддршка, затоа што Република Турција е нашата пријателска земја со која изминатите години соработувавме и секогаш ја имавме нивната поддршка. Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме и понатаму да помагаме, рече Петровска.

Затоа, како што рече министерката, одлучено е припадниците дополнително да бидат наградени со дополнителна исплата од една просечна плата.

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на церемонијата напомена дека според информациите добиени од НАТО, нашата Армија беше во првите пет кои пристигнаа на лице место, практично 24 часа после земјотресот.

– Вашиот ангажман на лице место беше во рамки на најпрофесионалните достигнувања што може да ги очекува еден врховен командант, еден началник на Генералштаб, министер. Вашето постигнување таму, вашето залагање без одмор 24/7, сите вие вклучително и службените кучиња, беше нешто што само може да се посака секогаш кога вежбате, кога тренирате, кога се подготвувате за лошо и за добро и во тој дел не постои ниту една замерка, ниту од локалното население, ниту од луѓето од турската Армија. Нашите мисли се со оние кои ги изгубија најмилите, рече Пендаровски во обраќањето.

Турскиот амбасадор во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок за време на пречекот се заблагодари за помошта и напомена дека земјава со претседателот, Владата, но и со сите релевантни институции, ги мобилизираа сите свои можности за испраќање помош до регионот погоден од земјотресот.

– Турција пред две недели ја доживеа најгрозоморната природна катастрофа во својата блиска историја. Северна Македонија од првите мигови откако се прочу веста, која длабоко не трогна сите, рече дека во овие тешки денови со сите можности ќе стои до Турција. Екипите за заштита и спасување веднаш беа испратени кон погодениот регион, додаде амбасадорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска