Кина: Америка не е квалификувана да дава лекции

Од:

Денеска дојде реакција на кинеското Министерство за надворешни работи на изјавите на американските официјални лица, кои изминатиот викенд тврдеа дека Пекинг размислува да испрати оружје и муниција во Русија. Кинеската дипломатија денеска соопшти дека Америка „не е квалификувана да дава лекции“ за испраќање оружје.

Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави денеска: „Американската страна, а не кинеската страна, постојано испраќа оружје на првата линија. Американската страна не е квалификувана да и држи лекции на Кина. Никогаш не би прифатиле Америка да диктира или да врши притисок за кинеско-руските односи рече Венбин.

„Кој повикува на дијалог и мир, а кој дели оружје и поттикнува конфронтација? праша тој, додавајќи дека Кина „продолжува да повикува на мир и промовира дијалог“ за решавање на конфликтот во Украина и „цврсто стои на играње конструктивна улога во промовирањето на деескалација на конфликтот и смирување на ситуацијата“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски