„Лекари без граници“: Невообичаено зголемување на бројот на заболени од маларија во Чад

Од:

Итна операција за запирање на ширењето на маларијата е покрената во Чад, откако во регионот Салимата забрзано расте бројот на заболени од оваа заразна болест, соопшти претставник на организацијата „Лекари без граници“.

Тој изјави дека во првата недела од август биле регистрирани 1.200 нови случаи, додека на крајот од месецот дури 14.000 лица биле болни од маларија.

Појавата на оваа болест во дождливиот период меѓу јули и ноември не е ништо ново за Чад, но лекарите велат дека она што се случува оваа година е „крајно невообичаеано“.

Во ова време нормално, меѓу 30 и 40 отсто од жителите на овој регион заболуваат од маларија, но годинава повеќе од 80 отсто од сите пациенти кои побарале помош од „Лекарите без граници“ се болни од маларија, објасни претставникот на оваа организација.

Според здравствените податоци со кои располага организацијата, една четвртина од починатите во Чад секоја година умираат од маларија, при што децата се најчести жртви. Во 2010 година, во светот од оваа болест починале 650.000 лица од кои најголем број се африкански деца.

Лекарите кои се подолго време во регионот, објаснуваат дека жителите на регионот Салимата се номади кои постојано спијат под отворено небо, па така се честа жртва на комарците.

Лекарите советуваат покривање со мрежи како заштита од нападите на комарците, но овие луѓе немаат таква опрема. Засега нема објаснување за зголемениот број на маларично болни.

Експертите сметаат дека посебните временски услови можеби предизвикале намножување на комарците, што влијае и врз двојно поголемиот број болни, додека други стравуваат од можноста луѓето повеќе да не се отпорни на досегашните лекови за спречување на болеста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Го убија претседателот на Чад, само еден ден откако беше избран

Жарко Настоски

Израел и Чад ги обновуваат односите по речиси 50 години

Ана Ололовска

Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Наум Локоски

Претседателски избори во Чад

Емир Латифовиќ

Повеќе од 40 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Чад

Ана Ололовска