(ВИДЕО) Фон дер Лајен: ЕУ сака да го зголеми производството на муниција и за Украина и за себе

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ЕУ може да ги здружи силите со воената индустрија за да го зголеми производството на муниција за Украина и да ги врати сопствените резерви. Таа го спореди овој план со она што го направи Унијата за време на пандемијата кога беше неопходно да се произведат огромни количини вакцини против коронавирусот.

„Можеме да размислиме за големи договори кои ќе им овозможат на одбранбените компании да инвестираат во производствени линии за да го забрзаат производството и да ги зголемат количините што можат да ги испорачаат“, рече Фон дер Лејен на безбедносната конференција во Минхен.

Таа нагласи дека Унијата не може да чека месеци и години за да ги обнови своите воени резерви или да испрати гранати од голем калибар во Украина.

„Сега е време да се зголеми производството на она што и е потребно на Украина, како стандардизирана муниција“, рече Фон дер Лејен.

Испораката на огромни количини муниција во Украина предизвика загриженост кај некои членки на ЕУ дека би можеле да останат без залихи.

Собрани во главниот град на Баварија, западните лидери во петокот најавија интензивирање на воената помош за Украина, вклучувајќи муниција и оружје, особено тенкови.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ