Шеќеринска: „Дејвид Коперфилд“ е називот на „Скопје 2014“

Од:

„Дејвид Копефилд, тоа е називот на проектот „Скопје 2014“. Тое е проект на политички маѓионичар, бидејќи , се е прекриено со магла за идентитетот за да не се види дека всушност се прави се, за да се заработи на маката на сите граѓани“, рече од говорницата Радмила Шеќеринска.

Споменик на Никола Груевски ќе му изградат во Фиренца каде се леат скулптурите, рече Шеќеринска. Го цитираше директорот на леарницата кој рекол дека најскапата скулптура, бруто чини од 80 до 100.000 евра, а само Прометеј чини 1 милион и 800 илјади евра.

Шеќеринска кажа шега која рече, кружи деновиве:

„Kога ги видел Груевски анкетите дека народот не го одобрува градењето споменици, премиерот им рекол, дека секогаш го ценел зборот на народот, па ќе изгради само уште една скулптура. Утредента им кажал дека тоа ќе биде скулптурата „ Али Баба и 40-те разбојници. Навистина изгледа треба скулптура со Али Баба и 40-те разбојници пред домовите на многу актуелни министри“, рече Шеќеринска .

Александар Николовски, реплицираше дека темата за антиквизација ја отвори СДСМ.

„Дискутирате на крајно ненаучна основа.Сите набавки се прават согласно законите донесени од Собранието.Ако имате сознанија за криминал, знаете каде треба да кажете. Треба да докажете, за да не биде чист политички маркетинг“, рече Николовски.

„157 договори за проектот, во Министерството за култура се потпишани без јавни набавки. Ова е криминал и корупција, покриено со димна завеса за идентитет“, одговори Шеќеринска.

Бонева рече дека за разлика од времето на СДСМ, сега се почитува Законот за јавни набавки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште