(ВИДЕО) Хаос во Нов Зеланд: Уништени мостови и патишта, поплавени предградија

Од:

Владата на Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба само трет пат во својата историја, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот остров.

„Времето е без преседан и во голема мера влијае на поголемиот дел од Северниот остров“, рече министерот за управување со вонредни состојби, Киеран МекАнулти.

Национална вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во раните денови на пандемијата на коронавирус.

Невремето предизвика големи штети низ Северниот остров. Однесе патишта и мостови и ги поплави предградијата. Официјални лица рекоа дека најмалку 225.000 луѓе се без струја во вторникот. Речиси една третина од 5,1 милиони жители на Нов Зеланд живеат во области погодени од бурата, во која спаѓа и Окленд, најголемиот град.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои јасно се гледаат размерите на невремето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска