ВИДЕО: Астериод експлодираше над Англискиот канал, го осветли небото од Велс до Париз

Од:

Астероидот Сар2667, со големина од еден метар, во раните утрински часови влегол во атмосферата на Земјата и експлодирал над Ла Манш. На снимката изгледа како ѕвезда што паѓа, а потоа експлодира. На овој настан посведочиле жители на поголемиот дел од јужна Англија и Велс, како и граѓани на Париз.

Ѕвездите кои паѓаат се всушност ситни метеори, односно зрна прашина кои летаат во нашата атмосфера со брзина од неколку десетици километри во секунда, изгоруваат и оставаат светла трага.

Американскиот физичар Марк Бослаф од Националната лабораторија во Лос Аламос изјави за Велс онлајн дека таквите настани ретко се откриваат однапред, иако се случуваат неколку пати годишно. Тој рече дека ова е само седми пат како предвидуваме ваква експлозија и додаде дека метеоритите, доколку ги има, би можеле да паднат во близина на Ројвил во Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Астероид од 160 метри се движи кон орбитата на Земјата

Предраг Петровиќ

Огромен астероид ќе помине многу блиску до Земјата во текот на викендот

Ана Ололовска

Откритие кое менува се: Дали животот на Земјата е дојден од вселената

Астероид помина во близина на Земјата

Астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг ноќеска прелета покрај Земјата со 30 пати поголема брзина од звукот

А1он