СДСМ: Поминаа две и пол години со лаги на Мицкоски, предвремени избори нема

Од:

Предвремени избори е единствената тема на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години. Од конститутивната седница на Собранието наваму, Мицкоски тврди дека овој владин парламентарен состав нема долго да трае, дека ќе следуваат брзи избори, дека избори ќе има напролет, само што немало предвремени избори, па најавуваше ново мнозинство, па распуштање на Собранието велат од СДСМ.

– Ништо не се менува кај Мицкоски, го лаже своето членство, ги лаже граѓаните. Ја започна оваа година, со лага дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори. Еве среде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распуштање на Собранието. И пред една година Мицкоски се сликаше со наводно мнозинство за да ја сруши Владата, па се потврди дека владеачкото мнозинство е стабилно. Пуста желба за власт е барањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори. Дури и Собранието го блокираше и правеше насилни протести за да испровоцира избори. Предвремени избори нема да има, оваа влада има мандат до 2024 година се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он