ВИДЕО: Фаворитот победи, ќе ја претставува Италија на Евровизија

Од:

Заврши 73-тото издание на еден од најстарите и најпопуларни фестивали во светот. По 28 песни претставени на Санремо, петте изведувачи со најмногу гласови се пласираа во суперфиналето.

Победник е Марко Менгони со песната „Due vite“. Марко од самиот почеток беше фаворит за победа на Санремо.

Оваа година на Санремо беа претставени многу нови и млади имиња, но и голем број познати личности како Ана Окса.

Менгони се прослави на италијанската музичка сцена во 2009 година, откако ја освои нивната верзија на X-Фактор. Оттогаш, тој продаде 2,8 милиони плочи и издаде седум албуми.

Тој се натпреваруваше на Санремо во 2010 и 2013 година, а ја претставуваше Италија во 2013 година во Шведска на Евровизија и го освои седмото место со 126 поени. Италија три пати има победено на Евровизија. Нивниот најлош резултат беше во 1966 година кога завршија на последното место.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија