(ВИДЕО) Ова се најризичните згради во Скопје за земјотрес – Живеете ли во безбеден објект?

Од:

И во Скопје има згради „клацкалици“ кои и на прв поглед се гледа дека не би биле отпорни на силен земјотрес, вели во видео интервјуто за А1он, Михаил Гаревски, поранешен директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје (ИЗИИС).

Во Македонија има строг закон, има и контроли, но сепак има згради кои се во поголем ризик од евентуален земјотрес.

Гаревски детално во интервјуто говори за тоа кои згради во Скопје се во поголем ризик. Ги споменува и објаснува кои се тоа згради со меко приземје, таканаречените блок згради, зградите кои се постари во Скопје, а кои би можеле да се во поголем ризик од останатите.

Има ли начин обичните луѓе сами да дознаат во каков објект живеат и дали се безбедни, што да бараат од инвеститорите при купување на стан, на што да обрнат внимание? – Одговори на овие прашања во во видео интервјуто  на Гаревски.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски