Американски и француски војници учествуваат во НАТО-вежба во Романија

Од:

Американските и француските војници кои се дел од борбената група на НАТО во Романија денеска ќе одржат воена вежба за тестирање на одбранбениот капацитет на источното крило на Алијансата, а со оглед на тоа дека се приближува првата годишнина од руската инвазија на Украина

Во заедничката борбена вежба на полигонот Капу Мидија на брегот на Црното Море, именувана како „Eagle Royal 23“, учествуваат околу 350 војници од мултинационалната борбена група, кои ќе вежбаат пукање со боева муниција.

Романското Министерство за одбрана рече дека целта на вежбите, кои се одржуваат од 2 до 10 февруари, е да се тестира „интероперабилноста на артилериските системи на НАТО“ во фиктивно сценарио за колективна одбрана согласно член 5 во југоисточниот дел од територијата на Алијансата.

Членот 5 е клучен елемент во основачкиот договор на НАТО. Клаузулата бара секоја членка на алијансата да му помогне на кој било сојузник што бара поддршка. Повикувањето на член 5 е употребено само еднаш: од САД по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина