Лихтенштајн виа Тетово

Од:

Се чини дека Владата потклекнува под континуираната негативна кампања која се води против игрите на среќа во Северна Македонија. Можеби сега изгледа лесно да се избере популизам наместо аргументи, но последиците од погрешните одлуки ќе бидат далекусежни. Предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри со кои се предвидува дислоцирање на објектите на 500 метри од образовни институции се вовед во укинување на целата економска гранка поврзана со игрите на среќа. И тоа во услови на најголемата економска криза после Втората светска војна. За жал, надлежните државни институции за оваа дејност не извлекуваат поуки од европските пракси. Крајно апсурдна изгледа информацијата дека на предложените законски измени е ставено европско знаменце за да се забрза постапката за нивно усвојување во парламентот. Ваквите ригидни политики кон игрите на среќа воопшто не се европски.

На почетокот на 2023 привлече внимание веста дека 40 илјади жители на малото Кнежевство Лихтештајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на казината во оваа европска земја. Главниот аргумент на иницијаторите за затворање на игрите на среќа беше дека Лихтештајн станал „Лас Вегас Алпа“. Застапникот на референдумот Гидо Мајер изјавуваше дека не сака Лихтештајн да се етаблира како казино и жариште за покер во Европа. Вицепремиерката Сабине Монуани објаснуваше дека приходот од 50 милиони швајцарски франци на годишно ниво е многу важен за буџетот на Лихтештајн и дека радикалниот пристап со затворање на казината не го решава проблемот од зависност од игрите на среќа.

На референдумот високо мнозинство од 72 проценти од жителите на Лихтештајн со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината. Претходно и Принцот Ханс Адам Втори заедно со Парламентот на Кнежевството Лихтештајн се изјаснија против забраната за казината, оценувајќи дека негативно ќе влијае врз домашната економија. Во Лихтештајн до 2017 имаше забрана за игрите на среќа. После укинувањето на забраната се отворија шест казина, кои редовно се посетуваат од жители на соседните Германија, Швајцарија и Австрија.

Во Тетово има безмалку 85 илјади жители. Речиси двојно повеќе од Лихтенштајн. Движењето „Антикоцкање“ чии претставници се од Тетово, со години критикуваат дека Тетово личи на Лас Вегас и се залага за целосна дислокација на објектите за игри на среќа надвор од урбаните места. Дури во декември минатата година ја промовираа идејата за локален референдум во Тетово на кој наводно ќе бараат граѓанска поддршка за нивната иницијатива. Оваа иницијатива „де факто“ е предлог за целосно гаснење на индустријата за игри на среќа. Како што секогаш бива со гласноговорниците на Антикоцкање кои се појавуваат периодично (како некој да ги контролира со далечинско), од локалниот референдум се уште нема ништо. Иако немаме ниту одговор дали и чии бизнис интереси штити Движењето Антикоцкање добро би било да го кажат своето мислење за фактот дека сите ригидни иницијативи за затворање на игрите на среќа во Европа доживуваат порази.
Не треба да се гледа дури до Лихтенштајн, доволно да се погледне во соседството. Во октомври лани, Албанската Влада соопшти дека после четири години откако ги забрани ги враќа игрите на среќа. Образложението на Албанскиот премиер Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза.

Исто како во Албанија и Лихтештајн и во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Ова ги принуди грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа за да се спречи одливот на финансиски средства надвор од нивните граници.

Во објектите на сите категории игри на среќа во Северна Македонија се вработени речиси 10 илјади луѓе, а индиректно се засегнати најмалку 23 илјади граѓани, кои токму преку овие работни места обезбедуваат егзистенција. Дополнително оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места, а целиот економски сектор придонесува во годишниот државен Буџет финансиски средства во износ од 280 милиони евра.

Очигледно е дека процесите во Албанија, Лихтештајн и Грција ги рушат аргументите на противниците на игрите на среќа во Северна Македонија. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависноста од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генераци кон спорт и култура. Постоечката и важечка законската регулатива за игрите на среќа кај нас е најстрогата во регионот.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, кои ги застапуваат Групацијата Новоматик и Апекс Македонија со целосно право предупредува дека евентуалните законски измени за дислокација на објектите ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола. Аргумент за тоа е аферата „Детонатор“ од 2011 кога на истокот на земјата, беа конфискувани 1.500 нелегално поставени покер апарати. Всушност, предлозите за дислокација на објектите нема да ги спречи граѓаните да играат игри на среќа и нема да ги задоволат дежурните критичари. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата.

Ние како асоцијација сме принудени со демократски средства да се бориме да ја докажеме праведноста и исправноста на нашите ставови. Пред се имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени, огромните инвестиции кои ги имаме направено во Северна Македонија, но и македонската економија која ќе доживее сериозен удар ако поминат законските измени. Кога надлежните институции не сакаат да ги слушнат нашите аргументи ние имаме обврска да бидеме гласни на масовни протести. Пред целата јавност ќе покажеме дека и во оваа економска гранка работат луѓе од крв и месо, родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа?

АПИС со соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Предраг Петровиќ

АПИС: Признание за сите пратеници кои одбранија 10 илјади работни места

АПИС до пратениците: Не се станува ЕУ член со селективно почитување на европските стандарди

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

A1on

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески