(ВИДЕО) Румен Радев од Брисел: ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев на вонредниот состанок на Европскиот совет што ќе се одржува денеска и утре во Брисел ќе го отвори прашањето за зголемената агресија и антибугарската кампања која според него се води во Македонија.
Румен Радев ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.

„Антибугарската кампања во Северна Македонија веќе води кон злосторства од омраза – палење и пукање во бугарски клубови, физичко насилство. Очекувам дефинитивна и институционална реакција од властите во Македонија и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РСМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму. Негирањето на постоењето на овие проблеми само го одложува решението, доведува до повеќе криминали и чувство на неказнивост, а само стимулира злосторства од омраза“, рече Радев.

На состанокот ќе учествува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се очекува да одржи средба со сите европски лидери по групи и да побара повеќе оружје за Украина.
– Преодната влада ја исполни одлуката на Народното собрание да испрати вооружување од резервите на бугарската армија. Се надевам дека владата ќе покаже разум и дека тоа нема да се дозволи во иднина“, рече Радев.

Бугарија не може да прифати европски санкции против Русија во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа директно ќе влијае на нашата енергија. Затоа, ако дојде до тоа, нашата земја ќе стави вето. Ова го изјави претседателот Румен Радев пред вонредниот состанок на Европскиот совет што се одржува на 9 и 10 февруари во Брисел.

„Ги разгледуваме сите можни области каде што може да се случи ова (воведување санкции), но каде што се загрозени нашите интереси, особено во делот на нуклеарната енергија, ние сме многу внимателни и ги следиме работите“, рече Радев.

Главните теми за кои се очекува европските лидери да разговараат на вонредниот состанок на Европскиот совет се Украина и Русија, како и економијата и миграцијата.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он