СДСМ: После толку лаги Мицкоски треба да им се извини на граѓаните

Од:

Христијан Мицкоски со години го лаже своето членство, ги лаже граѓаните. Пред само два месеци Мицкоски повторно најавуваше дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори велат од СДСМ.

– Еве помина јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми. Мицкоски ги лажеше и ги плашеше граѓаните и за енергетската криза дека нема да има доволно струја и енергенси, дека електричната енергија значително ќе поскапи, дека ќе има рестрикции. Сето тоа е демантирано од реалноста, исто како што му потонаа лагите за асмилација и бугаризација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект и ред други невистини изнесени од Мицкоски. Со лаги Мицкоски се бори да дојде на власт и да ја спаси својата фотелја во Белата палата, но повеќе никој не му верува. После толку многу лаги единствено што може Мицкоски да направи е да им се извини на граѓаните се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он