ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно пријави за лажни бомби, луѓе умираат поради недостиг на лекови, Ковачевски единствено се грижи за исполнување на наредбите на Ахмети

Од:

Оливер Спасовски и МВР пет месеци не може да откријат кој се поигрува со безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните. Пет месеци граѓаните живеат во страв и паника, а Спасовски бега од одговорност и оставка велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортниот центар, станбениот објект Џевахир Сити, ГТЦ, ТЦ Ист Гејт и Сити Мол се поставени екплозивни направи, а наместо пронаоѓање на сторотелите, МВР испрати бледо соопштение дека истите се лажни. Освен дека дојавите за бомби се хибриден напад, Спасовски ништо друго не презема и не одговара до каде е истрагата и кои си игра со безбедносниот систем на државата. Граѓаните се заложници на криминалната и неспособна влада на СДС и Ковачевски. Луѓе умираат како резултат на неспособноста на владата да обезбеди лекови. Владата, Ковачевски и Спасовски не ги интересираат граѓаните, единствено ги интересира криминалот, богатењето и удобствата. Уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави за бомби? Што уште треба да се случи за Ковачевски да распише предвремени парламентарни избори се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања