Газда тепал вработена во кафуле во Скопје, а потоа и тој добил ќотек

Од:

Кој кого тепал? Полицијата во иста вечер добила две одделни пријави за физички напад, и тоа од две лица на иста локација – кафуле во центарот на Скопје.

Едната пријава дошла од вработена во кафулето, која рекла дека била нападната од газдата на објектот во кој работела.

На 6.2.2023, во 22 часот, во СВР Скопје, М. И. (42) од Скопје пријавила дека околу 19.25 часот на работното место во угостителски објект на улицата Аминта Трети била физички нападната од сопственикот на објектот С. Т. (56) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.

Втората пријава ја поднел самиот сопственик на кафулето тврдејќи дека и тој бил нападнат од едно лице, но не е прецизирано кој го нападнал и дали овој случај е поврзан со тепањето на вработената?

На 6.2.2023, во 19.55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улицата Аминта Трети едно лице физички го нападнало сопственикот на објектот С. Т. (56) од Скопје, при што употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски