Отворено писмо од АПИС до Владата: ЕУ знаме за неевропски политики

Од:

Владата со вчерашната одлука го отпочна процесот на затворање на игрите на среќа во Северна Македонија! Предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри Владата ќе се обиде да ги турка во Собрание на брза лента со Европско знаме. Во превод, со Европско знаме, по скратена постапка ќе им ја укине работата на 10 илјади луѓе и ќе го осиромаши државниот буџет за 280 милиони евра на годишно ниво. Сето ова во услови на невидена економска криза, најголема после Втората светска војна.

ФАКТИ

Предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Согласно постоечката урбанизација, дистанцирање на одреден објект на 500 метри од едно училиште, ќе го приближи истиот објект на помалку од 500 метри до друго училиште. Затоа, одговорно тврдиме дека предложената дистанца од 500 метри во својата суштина значи дека Владата всушност предлага целосно затворање на оваа економска гранка. Ќе се затвори 100% законски бизнис што автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци.

СПОРЕДБА

Апсурдно е Владата да им става Европско знаме на предложените измени, а истовремено да не ги следи актуелните процеси во Европа. На 29 јануари, 72% од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во Кнежевството. Еве не треба да се гледа дури до Лихтенштајн, доволно е Владата да погледне во соседството. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот Премиер Еди Рама е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата.

НЕ ПОСТОЈАТ АРГУМЕНТИ ЗА ВАКВИ РИГИДНИ ПОЛИТИКИ КОН ИГРИТЕ НА СРЕЌА

Владата треба да се соочи со фактите и уште сега да се подготви за одговорност за штетните последици од погрешните одлуки. Процесите во Албанија, Лихтенштајн и Грција ги рушат аргументите на критичарите на игрите на среќа во Северна Македонија. Европјаните не ја прифаќаат тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со нивно затворање, како што ни потенцијалната зависност од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците за алкохолни пијалаци.

Погрешен е впечатокот дека ние генерално сме против измени на законот за игри на среќа и забавни игри, туку сме против нелогични, погрешни, популистички и политички мотивирани измени. Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ, кои индиректно помагаат меѓу 54 илјади до 100 илјади работни места во земјата и ред е да бидеме третирани од државата во која инвестираме со години на ист начин како и другите странски инвеститори.

На 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени со цел нашето искуство да биде искористено за изработка на одржливо законско решение. За жал никој не ја побара нашата експертиза и знаење.

АПЕЛ ДО МЕДИУМИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ

Апелираме до сите пратеници, без разлика на нивната политичката и етничка припадност пред да се изјаснуваат за предложените измени да си го постават следното прашање: Зошто Северна Македонија која тежнее да стане дел од ЕУ би била исклучок од европските земји и западните цивилизации каде има организирани и легални игри на среќа?

Не потпаѓајте под влијание на црната кампања на оние критичари на игрите на среќа кои никогаш не кажаа зад чии бизнис интереси се кријат! Тие никогаш нема да преземат одговорност за штетните последици кои ќе следат доколку овие законските измени стапат на сила. Вешто прават притисок врз политичките партии и суптилно се обидуваат да ги инволвираат и верските заедници. Ова е недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

Бидете уверени дека постоечката регулатива во Северна Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во наша надлежност, што е исклучителна потврда дека ние сме врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваме законските норми.

Конечно, ние имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции кои ги имаме направено во Северна Македонија. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Кога надлежните институции не сакаат да ги слушнат нашите аргументи ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Пред целата јавност ќе покажеме дека и во оваа економска гранка работат луѓе од крв и месо, родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа?

АПИС со соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Предраг Петровиќ

АПИС: Признание за сите пратеници кои одбранија 10 илјади работни места

АПИС до пратениците: Не се станува ЕУ член со селективно почитување на европските стандарди

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

A1on

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески