Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека општината Охрид е типичен пример за раководењето и работата на СДСМ, кои, како што посочуваат од партијата, зад себе оставиле рекорден долг од речиси 40 милиони евра и превработена локална администрација која е пет пати поголема од европскиот просек на локални администрации.

– СДСМ ја користеше локалната самоуправа во Охрид за да ги вдомува партиските војници, наместо да обезбеди услови за инвестирање и отворање на работни места. СДСМ во изминатите години вработиле над 160 лица со договори на дело, што уште повеќе го оптовариле буџетот на општината чија сметка со години е блокирана, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Овој пример со општина Охрид, стои во реакцијата, можеме да го видиме секаде каде што СДСМ беше и е се уште на власт.

– Тие единствено што успеваат да направат е да ги вработуваат своите послушници и да ги задолжуваат граѓаните без притоа да реализираат ниту еден значаен проект, се наведува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје