Оставка поднесе пратеникот кој во српскиот Парламент гледаше порно филм

Од:

Пратеникот Звонимир Стевиќ од Социјалистичката партија на Србија денеска поднесе оставка од пратеничката функција, откако во медиумите и на социјалните мрежи беше обвинет дека на седницата за Косово гледал „филмови за возрасни“, дознава „Политика“.

Пред тоа лидерот на СПС Ивица Дачиќ изјави дека Стевиќ треба да поднесе оставка и дека тоа очекува да го стори пред почетокот на денешната седница на српскиот парламент.

Медиумите објавија дека пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ гледал филмови за возрасни за време на специјалната парламентарна седница за Косово.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија