Синот на Жозе Мурињо, Жозе Марио, потпиша договор со Фулам. Момчето игра на голманската позиција и ќе се вклучи во детскиот тим до 14 години на лондонскиот клуб.
Од 2010 година до моментов момчето играше за мадридскиот Канијас. По враќањето на неговиот татко во Лондон, Жозе Марио се пресели со своето семејство во англиската престолнина.
Мурињо има голема поддршка во професионалниот развој на синот, пишуваат медиумите на Островот.