Во Србија поради ветер и снег без струја 25.220 граѓани, снежните наноси се 2 метри

Од:

Во Србија поради силен ветер и снег на повисоките места дошло до дефект на електричната мрежа при што без струја останале 25.220 жители. Снег паѓа цели 24 часа, пишува Нова.рс.

РТС јавува дека снежните наноси во некои делови, како во селата околу Нова Варош, достигнуваат и до два метри. Патиштата кон Копаоник се проодни.

Одделението за вонредни ситуации на МВР на Србија денеска соопшти дека 564 трафостаници се евидентирани без струја, поради што 25.000 корисници се без струја. На терен екипите за електродистрибуција ги отстрануваат дефектите, а припадниците на полицијата им помагаат на граѓаните и итните служби.

Хидрометеоролошкиот завод на Србија издаде предупредување дека до крајот на денот и утре бурниот северозападен ветер ќе создаде снежни наноси во планинските предели. Најголемата брзина на ветерот денеска ќе изнесува 70 км/ч, а утре претпладне и попладне се очекува брзина на ветерот од 55 км/ч.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ