Спасени четворица кои залутале на Кожув

Од:

Четири млади лица од Гевгелија биле пронајдени и извлечени поладнево од планината Кожув информира Центарот за управување со кризи. Тие биле недостапни од вчера, а помош побарал таткото на едно од изгубените. Тој не можел да ги добие на телефоните и пријавил на 122.

Четворицата исчезна вчера заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста Мала Рупа на планината Кожуф.

Во потрагата биле ангажирани полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и кабинетот на градоначалникот и други надлежни локални институции, служби и претпријатија како и граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва.

Исчезнатите биле пронајдени кај месноста Мала Рупа над населбата Смрдлива Вода.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Левица со поддршка на протестот против мини-хидроелектрани на Кожув

Горан Наумовски

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on