Француската премиерка понуди омекнување на пензиската реформа

Од:

Француската премиерка Елизабет Борн денеска понуди да се олесни планираната пензиска реформа и да им се дозволи на луѓето кои рано почнале да работат, исто така, да одат во предвремена пензија за да ја добијат поддршката од конзервативците во парламентот за нејзино спроведување.

Владата на претседателот Емануел Макрон сака да ја крене старосната граница за пензионирање за две години на 64 години и да го продолжи времетраењето кое работниците мора да го плаќаат за пензиски придонеси, како дел од реформата за која вели дека е неопходна за системот во следните години не биде во минус.

Бидејќи неговата партија на изборите минатата година го загуби апсолутното мнозинство во парламентот, на владата и се потребни гласовите на конзервативните републиканци за да ја усвои непопуларната пензиска реформа во парламентот.

Додека на работниците кои почнале да работат пред 20-годишна возраст, според реформата, ќе им биде дозволено рано да ја напуштаат работната сила, Борн кажа дека е отворена за предлози од конзервативците кои би биле од корист за повеќето работници.

-Ќе ја прошириме мерката на оние кои почнале да работат на возраст од 20 и 21 година. Тие ќе можат да се пензионираат на 63 години, рече Борн во интервју за неделниот весник „Журнал ди Диманш“ (Le Journal du Dimanche).

Портпаролот на републиканците од Долниот дом, Пјер-Анри Димон, изјави за радиото Франсинфо дека отстапката не е отидена доволно далеку за да ја добие поддршката од членовите на нивната партија.

Борн рече дека овој потег ќе влијае на околу 30.000 лица и ќе чини до една милијарда евра годишно, што значи дека ќе треба да се најде дополнителен извор на финансирање.

Думон рече дека алтернативниот амандман предложен од неговата партија ќе биде од корист за „стотици илјади“ лица годишно.

По воведувањето на реформата на 10 јануари, владата на премиерката Борн се соочи со дводневен национален штрајк, а синдикатите планираат уште еден во вторник.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт