Заврши процесот во судот во Крива Паланка за уапсените бугарски државјани кои беа приведени по инцидентот на граничниот премин Деве Баир.
Тројцата уапсени бугарски државјани се гонеа за сторен прекршок, нарушување на јавен ред и мир. Меѓу нив е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев.
Според информациите кои за А1он ги потврдија од истрагата, уапсените добиле по 300 евра парична казна, Протерување и забрана за влез 3 години во Македонија.
На граничниот премин Деве Баир беа приведени три лица поради тоа што додека чекаа на границата упатуваа навреди и насилно се однесуваа кон полицајците.