ВИДЕО: Закана сте за безбедноста, нема влез во Македонија – Бугарски новинари добиле забрана за влез

Од:

Бугарски новинари обвинуваат дека без образложение добиле забрана за влез во Македонија. Во видеото и фотографиите кои на социјалните мрежи ги објавија новинари на бугарската безпартиен.бг, велат дека македонската полиција само им врачила документ дека не им се дозволува влез, бидејќи се закана за безбедноста.

Според нив тие не се единствени. И други новинарски екипи биле вратени од граница

На социјалните мрежи објавувајќи ги и документите кои ги добиле од граничната полиција, пишуваат:

„На тимот на безпартиен. бг, му е изречена забрана за влез на територијата на Република Владата на Република Северна Македонија.
Република Северна Македонија го ограничува покривањето на прославите по повод годишнината од раѓањето на лидерот и основач на ВМРО – ГоцеДелчев. Нема објаснување! „Или ќе ја оставите опремата за снимањее и ќе влезете како граѓани или воопшто не влегувате“, ни беше кажано“

Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев потврди дека на неколку Бугари не им било дозволено да ја преминат границата, но се надева дека нивните документи ќе бидат обработени.

Според бугарските медиуми има и список од најмалку 14 лица, бугарски државјани, на кои им е забрането да учествуваат на одбележувањетот, бидејќи според властите на РСМ ќе направат провокација и тензија.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска