Само итни случаи последниве два часа ја минуваат македонско – бугарската граница, откако падна системот на нашиот граничен премин.
Веќе е формирана долга колона возила кои од Бугарија чекаат за влез во Македонија пред полицискиот пункт на нашата граница.
„Системот на граничните премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи“, соопшти МВР.
Заглавени на граничниот премин се и дел од граѓаните од Бугарија тргнати на чествувањето по повод 151 – година од раѓањето на Гоце Делчев.
Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев, а се уште не е пристигната ниту официјалната бугарска делегација предводена од министерот за внатрепни работи.
Тие на гробот на великанот во црквата Св. Спас ќе стигнат со дополнително полициско обезбедување.