Коњановски: Мостот на Злетовска река ќе го олесни животот во Чешиново-Облешево и Пробиштип

Од:

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за изградба на мостот на Злетовска река кај селото Жиѓанци, во општината Чешиново-Облешево.

Обраќајќи им се на присутните, Коњановски истакна дека ова е заложба на Владата и преку Агенцијата за рурален развој се обезбедени 8,1 милион денари, додека општината обезбедува средства од еден милион денари. Мостот ќе биде долг 31 метар и ќе ги поврзува општините Чешиново-Облешево и Пробиштип.

– Ова е само еден од 14-те проекти за развој на исто толку општини и подобрувањето на животот во општините, и ние како Министерство ќе направиме 50 договори со 50 општини во Републиката за подобрување на условите за живот, рече Коњановски.

За градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски изградбата на мостот ќе значи поврзување на двете општини и скратување на патот од 20 километри.

На новинарско прашање каков ќе биде односот на МЗШВ за оние увозници на пестициди кои увезувале со сомнителен квалитет, Коњановски со одговор дека Министерството ќе преземе соодветни активности и оние увозници кои не се придржувале до одредбите од законот ќе бидат казнети.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници