Руска уметничка отвори изложба со пацифистичка тематика, делата и се запленети

Од:

Руската полиција конфискуваше пацифистички знаци на 77-годишна сликарка, еден ден по отворањето на нејзината изложба во Санкт Петербург, објави руската опозициска партија во чии простории беше поставена изложбата.

Отворена во просториите на локалниот огранок на опозициската партија Јабука, изложбата се состоеше од дваесетина знаци и слики изработени од Јелена Осипова во периодот од 2014 до 2022 година.

Осипова е жесток противник на секоја војна.

„Полицијата ги заплени пацифистичките слики на Јелена Осипова“, соопштија од партијата Јабука. Од таму додаваат дека полицијата упаднала во просториите на локалниот огранок на партијата тврдејќи дека добила закана за бомба.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски