Неверојатни сцени на аеродромот во Мелбурн од каде Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија… Истото место како лани, но случувањата се сосема поинакви.
Сите се сеќаваме како минатата година полицијата го спроведе Новак од аеродромот, кога беше донесена одлуката за депортација. Сега сè комплетно различно.
Полицајци имаше на аеродромот во Мелбурн, но за да му помогнат на Новак да стигне до терминалот. Причината – огромен број луѓе кои сакале да се сликаат со својот херој.
Имаше и многу српски знамиња, но и голем број туристи кои се воодушевија што го видоа Новак и сакаа да добијат фотографија за спомен.