Шведски министер: Го почитуваме договорот со Турција за НАТО, религијата не е дел од него

Од:

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстроем рече дека неговата земја го спроведува првичниот договор со Турција за влез во НАТО, но дека компромисите за слободата на изразување не се вклучени во договорот. На самитот на НАТО минатата година, Турција потпиша меморандум со кој се откажа од своето противење за приемот на Шведска и Финска во НАТО, но по серијата протести во Шведска против претседателот Реџеп Таип Ердоган, Анкара го промени својот став.

Десничарскиот екстремистички данско-шведски политичар Расмус Палудан запали Куран во Стокхолм, што беше жестоко критикувано од турската влада. Билстроем изјави за новинската агенција ТТ дека „религијата не е дел од договорот“ потпишан со Турција. Тој истакна дека го разбира турскиот гнев поради инцидентите кои, иако се легални, не се соодветни.

Шефот на шведската дипломатија додаде дека е неопходно да се смират сите страни и дека разговорите со Турција ќе продолжат. Ердоган моментално е во предизборна кампања бидејќи кон средината на мај во Турција ќе се одржат парламентарни и претседателски избори.

Тој претходно денеска рече дека Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска. „Нашиот став за Финска е позитивен, но што се однесува до Шведска, тоа не е“, рече Ердоган во врска со обидите на двете земји да се приклучат на Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Двете земји аплицираа за членство во НАТО минатата година, но Анкара ја условува поддршката со екстрадиција на „терористи“, главно Курди. Анкара сака Хелсинки и Стокхолм да заземат особено строг став против членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација и друга група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

„Шведска не треба да се мачи во овој момент да се обиде да ја добие нашата согласност. Нема да дадеме потврден одговор на нејзиното барање се додека тие дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган. Од 30-те членки на НАТО, само Турција и Унгарија треба да го ратификуваат членството на двете нордиски земји.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО