Ердоган: „Зелено светло“ за влезот на Финска во НАТО, но не и за Шведска

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска.

„Шведска не треба ни да се обидува ништо во овој момент. Ние нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО се додека тие дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Во изјавата од 26 јануари, претседателот на Турција предложи неговата земја да се согласи со влезот на Финска во НАТО пред Шведска.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде слична изјава на 27 јануари.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син