Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

Од:

Подводниот вулкан Ист Епи, кај островот Вануату во Пацификот, еруптираше исфрлајќи пепел во височина до 100 метри.

Воспоставен е безбедносен периметар од 10 километри околу подводниот вулкан, кој се наоѓа на околу 68 километри северно од Порт-Вил, главниот град на оваа пацифичка нација.

Најпрво над местото е забележана пареа а потоа вулканот утрово почна да исфрла пепел, пренесуваат медиумите.

Властите велат дека бродовите и авионите треба да ја избегнуваат областа.

„Го повикуваме локалното население да внимава на можни силни експлозии бидејќи ерупциите се уште траат“, изјави за АФП Рикардо Вилијам, специјалист за вулкани во Одделот за метеорологија и геолошки опасности во Вануату.

Вулканската активност започна околу 8:00 часот по локално време (23:00 часот вторник по средноевропско време), според локалниот метеоролошки оддел.

Претставник на владата изјави за АФП дека земјата почнала да се тресе, а чад се надвива над местото од почетокот на ерупцијата. Тој рече дека почнале и експлозии, а се уште се чувствува непријатниот мирис на сулфур.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски