Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на исток како „одмазда“ за претходните загуби во војната.
„Не мислам дека тоа ќе обезбеди некаков убедлив резултат од офанзивата. Уверен сум во нашата армија“, рече Зеленски.
„Ќе ги запреме малку по малку и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива“, рече Зеленски, додавајќи дека Русите претрпеа огромни загуби во нападите во последните недели.