Починаа 200 деца – индустриски хемикалии пронајдени во сируп

Од:

Утврдено е дека лековите сирупи за кашлица, за кои индонезиските власти се сомневаат дека предизвикале смрт на повеќе од 200 деца во земјата, содржат индустриски хемикалии кои една индонезиска компанија им ги продавала на фабриките како фармацевтски производи.

Полицијата соопшти дека две состојки, етилен гликол и диетилен гликол, биле пронајдени во некои сирупи на база на парацетамол, што довело до акутна бубрежна инсуфициенција кај многу деца.

Овие две состојки се користат во антифриз, течности за сопирачки и други индустриски хемикалии, но и како поевтина алтернатива во некои фармацевтски производи на глицеринот, кој е растворувач или згуснувач во многу сирупи против кашлица, пренесува Танјуг.

Тие можат да бидат токсични и може да доведат до откажување на бубрезите.

Висок претставник на индонезиската полиција им изјави на новинарите дека властите откриле дека CV Samudera Chemical продавала „индустриски“ хемикалии како што е пропилен гликол од фармацевтска класа и ги доставува до дистрибутери на локални производители на лекови.

Полицијата ги уапсила и ги обвинила функционерите на компанијата „Самудера“ и нејзиниот дистрибутер „CV Anugrah Perdana Gemilang“, соопшти функционерот.

Тој додава дека во продолжение на истрагата може да бидат осомничени и други лица.

Медиумите не контактираа со претставниците на „CV Samudera Kemikal“ или „CV Anugrah Perdana Gemilang“.

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела повика на „итна и усогласена акција“ за заштита на децата од контаминирани лекови по околу 300 смртни случаи во Гамбија, Узбекистан и Индонезија поврзани со сирупите за кашлица.

Би можело да ве интересира

Настрада постар брачен пар во САД: Котелот достигна 500°C, собите беа пеколни, пожарникарите едвај преживеаја

Две сестри пронајдени починати во стан, едната над главата имала перница

Горан Наумовски

Сопружници од Чаир пронајдени мртви во нивниот дом

Жарко Настоски

Парите од државните картички доделени на иселени и починати ќе се вратат во буџетот

Маја Илиевска-Пачемска

 31-годишниот скопјанец починал по крвавење и распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

Маја Илиевска-Пачемска