Парите од државните картички доделени на иселени и починати ќе се вратат во буџетот

Од:

Парите од домашните платежни картички кои ќе останат неподелени оти добитниците се иселени или починати, ќе се вратат во буџетот, велат од Министерството за финансии за „А1он“. Стопанска банка на почетокот на неделава извести дека дел од картичките кај нив ќе останат неподелени оти добитниците се иселени или починале во периодот по објавување на листата добитници, а имало и такви кои официјално не ја одбиле картичката, но не ја сакаат. Со случаи на иселени и починати добитници на државни картички за „А1он“ потврдија дека се соочуваат и во НЛБ Банка.

Од Министерството за финансии велат дека во ваквите случаи парите ќе се вратат на државата.

„Во однос на картичките кои нема да се издадат – средствата од истите ќе бидат вратени во буџетот од страна на банките. Картичките се персонализирани и се издаваат на лицето на кое гласат од страна на банките издавачи“, велат од Министерството за финансии.

Денес истекува рокот во кој банките треба да ги достават картичките на 324.479 корисници односно вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на заболените од Ковид – 19.

Од нив, Стопанска банка треба да подели над 110.000, НЛБ Банка 113.000, комерцијална банка 53.000, а останатите треба да ги поделат , Халк банка, Шпаркасе банка, Охридска банка, УНИ Банка, Централна кооперативна банка и Силк роуд банка.

До Генералниот секретаријат, по објавата на листата до добитници на домашни платежни картички стигнале вкупно 65.000 приговори. Вкупно 8.330 од досега обработените се прифатени.

„Во периодот од 10.06 – 16.06.2020 до 12 часот беа пристигнати 65.305 приговори во врска со домашната платежна картичка. Дел од нив околу 15.000 беа прашања, на кои соодветно им беше одговорено. Остатокот од вкупно 46.387 приговори беа категоризирани и проследени до надлежните институции согласно Уредбата до АВРСМ, МТСП, УЈП, МОН и ФЗО за проверка. Од обработените речиси 46.000 приговори прифатени се вкупно 8.330 приговори или околу 18%, од кои 4893 млади лица од 16 до 29 години, 752 невработени лица со низок доход и 2685 вработени лица со низок доход. Oстануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, за кои треба наскоро да информираат надлежните институции по финалната проверка“, велат од Министерството за финансии.

Во изборната кампања техничкиот премиер Оливер Спасовски најави дека домашни платежни картички ќе им бидат доделени и на невработените кои не се активни баратели на работа и на пензионери си пензии до 15.000 денари. На прашањето кога овие две категории граѓани може да ги очекуваат картичките од Министерство велат одговараат дека за да се приклучат нови категории корисници на домашната платежна картичка, потребна е измена на постоечката уредба.

Би можело да ве интересира

Заврши рокот за „купувај домашно“: Граѓаните со картичките се прехрануваа, аналитичарите сега бараат долгорочни економски мерки

Ландов

Лекари од Штип добиле по 322 денари од државата за борбата со коронавирусот

Маја Илиевска-Пачемска

Истекува рокот за издавање на домашната платежна картичка, граѓаните да ги искористат до 15 август

Ана Ололовска

Дел од државните картички ќе останат неподелени, добитниците се отселиле

Маја Илиевска-Пачемска

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

А1он

Ангеловска: Домашната платежна картичка инјекција од 28 милиони евра за домашното стопанство

Ана Ололовска