Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Од:

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателската функција во Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена со 14 гласови „за“, од вкупно 17 членови на Управниот одбор.

На нејзино место е назначен градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Разрешувањето на Арсовска е по иницијатива на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со прекинот на коалицијата со Арсовска – тие немаат претставник во претседателството на ЗЕЛС.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не