Руска компанија нуди 66.000 евра на првиот војник кој ќе уништи западен тенк во Украина

Од:

Руска компанија соопшти дека ќе плати пет милиони рубли (66.000 евра) на првите војници кои ќе уништат или заробат тенк од западно производство во Украина. Имено, компанијата Форес, со седиште на Урал, која произведува материјали за енергетската индустрија, ветила огромна сума на војниците кои ќе заробат или уништуваат германски тенкови Леопард 2 или американски тенкови Абрамс, пишува Sky News.

Таа наведува дека ќе плати пет милиони рубљи на првиот руски војник кој ќе уништи еден од тие тенкови, а 500.000 рубли (6.600 евра) на останатите кои ќе го постигнат овој подвиг. Додава дека ќе плати 15 милиони рубљи за соборени борбени авиони од западно производство во случај да и бидат испорачани на Украина. Во исто време таа рече дека НАТО ја полни Украина со неограничено количество оружје и го ескалира конфликтот.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Калиново во Доњецк, Украина

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Зеленски: Ни требаат пари, конфликтот мора да заврши оваа есен

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Зеленски: Андриј Сибих ќе биде нов шеф на дипломатијата