Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Од:

Обвинувањата на американските претставници за мешање на Москва во претседателските избори во Соединетите Американски Држави се бесмислени, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Ова не е првпат Русија да биде обвинета за мешање во американските избори, се разбира, ние не се мешаме – рече Песков во одговор на Вашингтон пост, пренесува Ал Џезира.

Коментирајќи ги американските ограничувања за руските медиуми претходно оваа недела, Песков рече дека на Американците не им се допаѓа вистината.

– Нашите медиуми едноставно ја пренесуваат вистината, но, за жал, на Американците не им се допаѓа вистината што им е непријатна и веднаш преземаат репресивни мерки – додаде портпаролот на претседателот на Русија.

Министерството за финансии на САД во средата ја објави одлуката за додавање на рускиот телевизиски канал РТ и неговата главна уредничка Маргарита Симонјан на листата на санкции.

Покрај нив, на црната листа се најдоа и уредникот на информативната програма на РТ Андреј Кијашко, раководителот на секторот за проекти за дигитални медиуми Константин Калашников и голем број други вработени во ТВ каналот.

Висок претставник на американското разузнавање во петокот рече дека Русија е најактивниот странски противник кој се обидува да влијае на претседателските избори во САД на 5 ноември, додека Кина е повеќе фокусирана на кандидати од пониско ниво.

Би можело да ве интересира

Русија врати осум киднапирани деца во Украина

Русија спречи напад на Украина во областа Курск

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

На Украина и снема гранати, американската помош речиси целосно пресуши

Руски полковник падна од прозорец и почина, само два дена подоцна падна уште еден

ФСБ: Уапсени уште двајца членови на исламистичката група Хизб ут Тахрир на Крим