Москва ќе ги искористи сите расположливи средства за да се спротивстави на американската линија за нанесување стратешки пораз на Русија, вели заменик-шефот на руската дипломатија.
Сергеј Рјабков во интервју за Спутник истакна дека, практично, според сите показатели што може да се замислат од гледна точка на билатералниот дијалог со Соединетите Американски Држави, ситуацијата во моментов е доведена во ќорсокак.
„Нашите односи дојдоа до овој ќорсокак поради антируската линија на Вашингтон, која од година во година, месец по месец станува се поостра во последните неколку години. Целата безбедносна ситуација, вклучително и контролата на оружјето, се покажа како заложник во рамките на американската линија за нанесување стратешки пораз на Русија“, објасни дипломатот.
Рјабков рече дека Русија ќе се спротивстави најодлучно, користејќи ги сите расположливи средства и начини.