Рогов: Украинците дигнаа во воздух мост во Запорожје, има загинати

Од:

Украинските војници истрелаа ракети кон патниот мост на реката Молохна во областа Мелитопол, предизвикувајќи жртви и повредени. Ова денеска го соопшти членот на управниот совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов.

„Денеска, околу 12:30 часот, терористите извршија ракетен напад од повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS на мостот на реката Молочна во селото Светлодолинско во областа Мелитопол во областа Запорожје“, напиша Рогов на Телеграм.

Тој посочи дека меѓу цивилното население има загинати и ранети. Нападот е извршен при поправка, изјави Рогов.

Селото Светлотолинско се наоѓа на 35 километри северно од Мелитопол.

Шефот на окружната управа на Мелитопол, Андреј Сигута, на новинарите им потврдил дека нападот бил извршен, по што избувнал пожар. Според него, на местото на нападот биле испратени екипи за итна помош.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков