Вечерва, полицијата во Тенеси ќе објави видео на кое се гледа како полицајците го тепале Тир Николс, кој подоцна им подлегнал на повредите во болница. Официјалните лица повикуваат на мирни протести и велат дека истрагата ќе биде спроведена брзо и транспарентно. Последните зборови што Америка ќе ги слушне се морничавите врисоци од момчето како ја довикува мајка си, вели адвокатот на семејството.
Дваесет и деветгодишниот Афроамериканец Тајер Николс бил запрен на 7 јануари во Мемфис поради несовесно возење, а три дена подоцна починал од повредите што му ги нанеле полицајците.
Петмина полицајци беа отпуштени минатата недела и обвинети за убиство од втор степен. Четворицата платиле кауција и моментално се на слобода, додека за петтиот полицаец се уште не е платена кауцијата.
Адвокатите кои го застапуваат семејството на Тајер Николс рекоа дека ќе докажат на суд дека тој бил претепан до смрт од полицајци.