Ниту еден руски функционер не е поканет да присуствува на комеморацијата на 78-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц во полскиот град Аушвиц.
На 27 јануари 1945 година, Аушвиц беше ослободен од трупите на Црвената армија, а претходните години на овој настан секогаш присуствуваа официјални лица од Москва. Сепак, оваа година поканата не пристигнала до амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, пренесува Спутник.
И покрај одлуката на полските власти да не ги поканат руските претставници, рускиот конзул во Краков има намера да положи венец на територијата на музејот, на споменикот на загинатите затвореници во логорот, како и на градските гробишта каде што се погребани војниците кои загинаа при ослободувањето на логорот.