САД: Ќе поминат многу месеци пред тенковите „Абрамс“ да им биде испорачани на Украинците

Од:

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД денеска за Си-Ен-Ен потврди дека „ќе поминат многу месеци“ пред да им бидат доставени на Украинците ветените тенкови Абрамс.

И покрај тоа, Кирби најави дека администрацијата на Бајден „нема да губи време“ и веднаш ќе се заложи за спроведување на обука и поддршка на „синџирите“ за снабдување за да се осигура дека украинските сили се подготвени да ги користат тенковите кога конечно ќе пристигнат.

Кирби одби да биде конкретен на прашањето дали тенковите Абрамс ќе бидат испорачан до крајот на годината.

„Не сакам да бидам премногу конкретен, бидејќи се уште работиме на плановите, но тоа ќе биде многу месеци“, рече тој.

Сепак, тој најави дека тенковите Леопард ќе бидат испорачани „за краток временски период“.

Тој не сакаше да ги потврди ниту шпекулациите дека американскиот претседател Џо Бајден за патување во Европа по повод годишнината од руската инвазија, но нагласи дека Бајден „е во близок контакт со претседателот Зеленски и тие често разговараат“.

– Претседателот е подготвен да отпатува во Украина во секое погодно време – рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков