Ја ранил невенчаната сопруга, па се самоубил

Од:

Полицијата од Велес извести дека вчера од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото и прострелна рана од огнено оружје нанесени од нејзиниот невенчан сопруг З.Т.(38), по што била пренесена во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле З.Т. во стан на улицата „Андон Шурков“ во Велес со прострелна рана од огнено оружје.

Екипа од Итна медицинска помош Велес констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Човекот кој ја уби сопругата додека нивното дете славеше роденден си пресуди во затвор

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Убиена е 45-годишна жена пред станот на нејзината ќерка во Атина, убиецот сам си пресуди

А1он

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите