Претрес во скопско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Од:

Вчера полициски службеници го уапсија И.Б.(57) од скопското село Копаница.

По претходно добиена судска наредба за претрес од страна на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена.

Воедно, во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Зеленски: Постои оружје што може да го промени текот на војната

Горан Наумовски

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев