(ВИДЕО) Борисов до мајката на Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев

Од:

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов лично ќе го запознае претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер со македонскиот Бугарин Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид.

Борисов се сретна со мајката на Пендиков во седиштето на ГЕРБ. Тој истакна дека оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти.

„Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе инсистираме тепањето против него да биде осудено на европско ниво“, рече Борисов.

Тој ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи, да направат се за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето. Само така Македонија ќе докаже дека е правна држава“, нагласи лидерот на ГЕРБ.

Борисов потсети дека Бугарија најмногу и помогнала на Македонија, но во Скопје мора да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“.

„Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за PCM. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам, уште еднаш порачувам – осудете ги напаѓачите“, апелира тој.

Лидерот на ГЕРБ изјави дека таквите дејствија, како што е овој напад и непостапувањето да се казни, се неприфатливи.

„Нашиот гнев не е безопасен. Нашата наклонетост и љубов кон вас е огромна како земја, но и нашиот гнев е тежок. Македонија ќе го доживее доколку властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците“, му се обрати Борисов на Скопје.

Мајката на Христијан – Габриела Димкова се заблагодари на бугарската држава, на лекарите и на поддршката од Борисов за се. Таа посака никогаш повеќе да не се случат вакви инциденти во Македонија.

– Секој треба да има право да ја изрази својата етничка припадност, рече Димкова.

Би можело да ве интересира

Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, уверен е дека Бугарија ќе формира стабилна влада

А1он

Борисов доби најголем број гласови од бугарските граѓани што гласаа во Македонија

Горан Наумовски

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Николоски му одговори на Борисов: Корумпираните бугарски политичари да се занимаваат со нивниот хаос, Македонија да не ја користат како предизборна тема

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот Николоски: Не треба да има средби со овие луѓе

Катерина Ѓуровски

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС мандатот за формирање влада