Норвешките власти денеска објавија дека ослободиле поранешен висок член на руската приватна воена компанија „Вагнер“, кој побарал статус на бегалец откако илегално влегол во земјата.
Андреј Медведев беше ослободен затоа што „веќе нема причини за неговото приведување“, рече припадникот на норвешката имиграциска полиција, Јон Андреас Јохансен.
Русинот, кој тврдеше дека неговиот живот ќе биде во опасност доколку се врати во татковината, влегол во Норвешка илегално од Русија на почетокот на овој месец и веднаш бил префрлен во Осло по стандардна процедура за барателите на азил.
Извор: МИА