Премиерот Никола Груевски изјави дека превреме на сметките на 27.000 тутунари се исплатени речиси 20 милиони евра, што според него просекот што оваа влада го реализира секоја година, за разлика од порано кога за овој сектор немало никаква поддршка.
„Владата на земјоделците, за само 30 дена, во екот на најголемата должничка криза, им исплати 63 милиони евра. Од 15 јуни до 15 јули овие средства на нивните сметки легнаа директно од Буџетот, како никогаш порано, како никогаш претходно“, рече Груевски.